Вести Најважни Свет

Лавров: САД ги спречуваат Украинците да прифатат мировен договор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини дека го попречуваат напредекот во преговорите меѓу неговата земја и Украина. Тврди дека Русија останува отворена за соработка со сите земји, вклучувајќи ги и западните, но поради нивниот однос таа нема да покрене таква иницијатива.

Зеленски предложи одржување разговори и нашиот претседател се согласи и преговорите се одвиваат. Некаков дијалог беше воспоставен. Сепак, постои чувство дека некој, најверојатно САД ја држи за рака украинската делегација, спречувајќи ја да ги прифати барањата, кои јас ги сметам за минимални, изјави Лавров.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека заробиле припадници на украинските безбедносни сили кои им признале дека припадници на батаљонот Азов планирале напади врз странски дипломатски мисии во Украина, за кои би ја обвиниле Русија.

Националистичкиот режим во Киев планирал да ги претстави нападите врз дипломатските мисии на САД и западните земји како наводен напад извршен од руските сили. Клучната цел на провокацијата е да се зголеми притисокот врз НАТО земјите да објават забранета зона за летови над Украина и да испратат повеќе оружје, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, игор Конашенков.

Денеска жестоки улични борби се водеа помеѓу украинската и руската армија во Мариупол, кој по повеќе од две недели опсада е 80 проценти разрушен. Околу 300.000 од 400.000 жители на Мариупол, сѐ уште се заглавени во градот. Тие кои успеале да го напуштат сведочат дека не биле известени за никакви претходни обиди да биде организирана евакуација.

Никој не знаеше за тие зелени коридори, само седевме во визбите. Апсолутно немаше никакви информации, какви коридори, на која страна, кое време, кога. Немаше ништо, поради тоа не стана збор за никакви коридори, изјави Јевгениј Перов, кој успеал да се евакуира од мариупол.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави дека борбите во градот ги попречуваат напорите за извлекување на неколку стотици луѓе кои сѐ уште се заглавени во засолништето под урнатините на театарот. Според последните информации, од под урнатините на театарот биле извлечени 130 живи луѓе. Четири денови откако театарот беше бомбардиран, сѐ уште нема инфморации за повредени или загинати, иако во засолништето под него се криеле помеѓу 1.000 и 1.200 жени и деца.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе