23 ден од војната во Украина започна со бомбардирање во Лвов, на 80 километри од полската граница. Според украинските власти погодена била фабрика за поправка на летала во близина на аеродромот во градот. Лвов до сега се сметаше за безбеден и стотици илјади беглаци од цела Украина се упатуваа таму. Покрај тоа, Лвов е важен транспортен центар за воена и хуманитарна помош.
Ова е напад на Лвов, хуманитарен центар со најмалку 200.000 раселени луѓе кои веќе избегале од борбените зони. И овој напад е потврда дека тие не се во војна со украинската армија, туку со цивилите, децам жени, раселени луѓе, изјави гувернерот на Лвов, Максим Крозицки.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сепаратистичките сили од Луганск со помош на руската армија ослободиле 90 проценти од територијата на самопрогласената република.
Во Мариупол, единици на Доњецката Народна Република, со поддршка од Руските вооружени сили, го стегаат обрачот и се борат против националистите во центарот на градот, изјави протпаролот на на руското Министерство за одбрана игор конашенков.
По уште едно бомбардирање на станбен кварт во Кев, градоначалникот Кличко обвини дека руската армија војува против украинските цивили, а не против армијата. По обиколка на последните уништени објекти, Кличко стравува дека престолнината ја очекува иста судбина како и градовите во источна Украина.
Ако погледнете во мариупол, ако погледнете во Харков, ако погледнете и во други градово, Чернихив во моментов, каде цивили се убиваат, градот ќе биде уништен. Очекувам русите да го направат истото и во Киев, рече Кличко.
Постојаните бомбардирања им попречуваат на спасувачките екипи кои работат на излекување на цивилите затрупани под театарот во Мариупол. Според украинските власти, комуникацијата со локалната управа на градот оди тешко, и сѐ уште немаат прецизни инфомрации за жртви во рускиот напад врз театарот.
Вчера Путин во телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган порачал дека конечниот мировен договор меѓу Русија и Украина може да биде финализиран само со директна средба меѓу него и Зеленски.
Игор Трајков
