Вести Македонија

Штедењето почнува од борбата против сида и ХИВ вирусот

Министерството за здравство скратило 40 отсто од средствата предвидени за годишната програма за заштита на населението од ХИВ-инфекција, усвоена на влада пред само еден месец.

Па така, наместо предвидените 46,5 милиони денари (околу 756 илјади евра), министерството на последниот повик го намалил буџетот за 19 милиони денари. (околу 308 илјади евра).

Пред министерството, реагираа  14 здруженија на граѓани кои ја спроведуваат програмата за превенција на ХИВ поради тоа што новиот повик ќе предизвика полоша заштита на загрозената популација.

Координаторката на националната комисија за заштита на населението од ХИВ, д-р Милена Стевановиќ смета дека потегот на министерството е погрешен особено во време на пандемијата со Ковид, затоа што тоа ќе доведе до ширење на друга инфекција која има сериозно влијание врз целокупното здравје на популацијата.

Од Министерството за здравство се уште без одговор зошто се скратени парите за програмите за ХИВ за годинава.

Според методологијата на Европскиот центар за контрола на болестите, дури една третина (односно 34%) од вкупниот број лица што живеат со ХИВ во земјава не се свесни дека го имаат вирусот, со што Македонија двојно заостанува зад просекот на светско ниво (16%).

Целта на светско ниво е до 2025 година, процентот на лица што не се свесни дека се заразени да се намали под 5%, за што се клучни програмите за превенција.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со парите што ги зеде од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Дејан Дејан

Мицкоски: Гостивар утре ќе добие техничка вода

Дејан Дејан

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе