Надежите за прекин на огнот во Украина малку се зголемија, рече шефот на турската дипломатија Чавушоглу по денешната средба со неговиот украински колега Кулеба. Тој запрвпат од почетокот на војната допатува во Лвов, откако предходно во Москва се сретна со Лавров.
Чавушоглу го откри предлогот на Украина – петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Велика Бријанија, Русија, Кина, Франција) плус Турција и Германија да дејствуваат како земји гаранти во предложениот „договор за колективна безбедност“ на што „Москва немала приговор и дека може да прифати таков предлог“. Чавушоглу нагласи дека е неопходно да се најде договор кој е прифатлив од двете страни, а Турција е подготвена да биде домаќин можната средба меѓу рускиот и украинскиот претседател.
- Како што рече Дмитро пред неколку моменти, конкретно во однос на овој договор е за колективната безбедност, Украина имаше предлог петте постојани членски на СБ на ОН плус Турција и Германија. Во моите вчерашни разговори во Москва видов дека Руската Федерација нема замерка на ова и дека може да прифатат таков предлог. Сега е важно договор да е прифатлив за владите и луѓето од двете страни- Мевлут Чавушоглу, турски министер за надворешни работи.
Украинскиот министер Кулеба, за наводите на Фајненшл тајмс за постигната мировна рамка уште во понеденелникот, рече дека тоа е руската позиција, она што Русија го сака. 15те точки, покрај прекинот на огнот стои и дека Киев треба се откаже од своите НАТО амбиции и да прогласи неутралност. Кулеба денеска рече дека сите клучни прашања за крај на оваа војна се поврани со Путин.
- Се договоривме да ги концентрираме нашите напори за организирање на средбата меѓу украинскиот и рускиот претседател, бидејќи разбираме дека е неопходно да се решат сите клучни прашања поврзани со крајот на оваа војна само со претседателот Путин, Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.
Додека траат дипломатките напори, ситуацијата на теренот не се менува драматично. Украинските градови и вечерва се во пламен, во Киев се поставуваат последните барикади за одбрана на следниот руски напад.
Цивилите се се уште живи под урнатините на театарот, тврди Киев
Се уште не се знае бројот на жртвите од нападот врз театарот во Мараиупол во кој беа засолнати повеќе од илјада луѓе, главно жени и деца. УНИЦЕФ ја потврди смртта на 50 по инвазијата на Русија, а претходно украинските власти соопштија дека се убиени најмалку 107 деца. Во северниот град Чернихов, според локалните власти, загинале повеќе од 50 цивили.
Жителите, на опколениот и веќе 90% разурнат Мариупол, се обидуваат да побегнат од руското гранатирање, кое трае со денови. Во градот нема храна, ниту вода, ни струја.
- Се трудиме некако да преживееме. Само што не можам да и кажам на мајка ми дека сум жива. Мајка ми живее во Макеевка. Не можам да и кажам дека сум жива, разбираш, нема врска, нема ништо. Тоа е сурово. Детето ми е гладно не знам што да му дадам да јаде, вели Елена од Мариупол.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прекори Германија дека и дава приоритет на економијата и снабдувањето со руски гас, истовремено предупредувајќи дека Москва „гради нов ѕид“ во Европа со нејзината инвазија врз Украина.

Санкции на Западот кон Русија денеска од земјината топка се проширија и во Вселената. Европската вселенска агенција ја суспендира својата мисија на роверот ExoMars, мисија започната од 2005-тата со руски Роскосмос, бидејќи практично, но и политички е невозможно да има лансирање во септември.
Билјана Ставрова
