Вести Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дискриминација во случајот на Амбла

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека Амбла од Гостивар, девојчето со Даунов синдром била дискриминирана.

Комисијата утврдила сегрегација и исклучување во овој случај извршен врз основа на попреченост од страна на ОУ „Единство“ од Гостивар, затоа што ученичката учела во посебна просторија, како и поради тоа што не обезбедило соодветна ресурсно сензорна просторија, а било утврдено и повикување на дискриминација од страна на родителите, со потпишување на петиција и бојкот на наставата.

Училиштето има рок од 30 дена да ги спроведе дадените препораки од Комисијата.

Ако училиштето не постапи по дадените препораки Комисијата ќе покрене прекршочна постапка, а мислењето ќе им помогне и на родителите доколку сакаат да побаараат судска заштита.

Инаку, случајот со четвртоодделенката Амбла, започнал уште во декември минатата година, кога родителите на нејзините сооченици потпишале петиција дека девојчето пречело во наставата.

Нејзиниот татко случајот го обелодени на почетокот на февруари. Амбла доби поддршка и од претседателот Стево Пендаровски, кој лично ја донесе на училиште ги охрабри родителите во нивната борба.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со парите што ги зеде од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Дејан Дејан

Мицкоски: Гостивар утре ќе добие техничка вода

Дејан Дејан

СДСМ бара оставка од Клековски, велат тој призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе