Вести Македонија

Обвинителското одделение на Вилма Русковска продолжува по „старо“-реизбрани 5 кандидати од 10 пријавени

Советот на јавни обвинители изгласа да нема измени во тимот на Русковска и петммината досегашни обвинители добија „ЗА“ да продолжат со работа во ЈО ГОК, а Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми не ја доби поддршката од членовите на Советот за јавни обвинители, за да биде избран во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Тој важеше за кандидат за и обвинител кој се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.

Обвинителството за борба против организиран криминал го избегна медиумскиот земјотрес и реакциите во фелата, Адеми доби три гласа, а претседателот на советот отфрли политички притисоци врз советот.

Од пријавени кандидати, совен Арсим Адеми, недоволно гласови добија и  Елизабета Јосифовска – ЕКС СЈО, Наташа Сарамандова, Имран Османи и Златко Биковски.

Тие остануваат во своите основни обвинителства, а организиран продолжува со Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа – Кузмановска и Енѓулуше Кадриу – Леши.

На изборот претходеа две неуспешни седници да се обезбеди кворум но и жалби и реакции околу оценувањата на кандидатите во матичните обвинителства.

Русковска испорача 4 незадоволителни и една одлична оцена за своите кандидати, а потоа посочи дека се кочи изборот по истекот на мандатите и трпат предметите за потоа да ги усогласи оценките со забелешките.

Русковска и ЈО ГОК продолжува со десетмина обвинители во два сектори, се до јуни кога истекуваат уште три мандати.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе