Вести Македонија

Координирана борба против дрвокрадците, крадците и граѓаните кои градат нелегално во Штипско

Битката со крадците, дрвокрадците и граѓаните кои градат нелегално ќе се води координирано и со зголемен број на комунални редари, но и тимов кои ќе прават почести контроли во штипските населби, ова е еден од заклучоците на Советот за превенција.

Надлежните институции акцент ставија и на кражбите на струја и вода.

Советот за првпат јавно дебатираше, откако пред пред три дена штипскиот градоначалник со медиумите налетаа на дрвокрадци во месноста Мирјанина црква.

На советот за превенција испливаа и проблемите на институциите кои треба да ја спречат нелегалната сеча на дрвата во штипскиот регион, но и да се спречи нелегалната градба.

Од шумска полиција посочија дека ингеренции имаат за три општини, а имаат само деветмина шумски полицајци, додека и едното возило што го имаат им е нерегистрирано и им стои паркирано.

Затоа секогаш во акциите им помагаат вработени во Полициската станица.

„На потегот меѓу Мирјанина црква и Шашаварлија запленети се стотици запрежни коли, стари автомобили, пили и огревни дрва. Нема веќе место каде да ги чуваме бидејќи ни Агенцијата за управување со одземен имот не знае што да прави со нив. Поднесени се стотици пријави, многу често и против непознат сторител, бидејќи бегаат. Но имаме и сторители што имаат и по 50 прекршочни пријави“, велат од Шумската полиција-Штип

Градежните инспектори кои одат сами на терен забележале дека населбата Мирјанина црква  масовно се населува со луѓе од други општини. Дивоградби градат поимотни лица, а при нивното легитимирање за да се запише на чие име е нелегалниот објект едно лице им приложува и по неколку лични карти, со различно име и презиме.

Од штипското комунално претпријатие пак се пожаилија дека нивните вработени одбиваат да одат на терен во неколку штипски населби за да откриваат дивиприклучоци, бидејќи се плашат од физички напади и загрозување на нивната безбедност.

Меѓу проблемите е и немање на соодветна  локација за складирање на запленатите дрва, возила и останати предмети.

Јорданов најави дека  за проблемот ќе разговарат и со други општини што се соочуваат со исти проблеми, за да делуваат координирано на терен.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Димитриевски: ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе