Вести Свет

УНХЦР собра рекордни донации за бегалците од Украина

Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР соопшти дека достигнала „рекордни суми“ на донации за нејзин итен одговор на хуманитарната криза во Украина. Агенцијата соопшти дека компаниите, фондациите и филантропите придонеле повеќе од 200 милиони долари за нешто повеќе од две недели за нејзиниот одговор на кризата во Украина.

„Сакам да им се заблагодарам на компаниите, фондациите и филантропите од целиот свет за нивната добрина и великодушност во помагањето на луѓето кои бегаат од војната во Украина. На милиони луѓе очајно им е потребна итна помош. Како што се продлабочува кризата, го повикувам приватниот сектор да продолжи да ја поддржува “, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Вкупниот број на луѓе кои ја напуштија Украина од руската инвазија, која започна на 24 февруари, надмина 2,8 милиони, а најмалку дополнителни два милиони се раселени во земјата, според УНХЦР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Британија го зголемува военото присуство во Естонија

Tea Dimkovska

Хутите подготвени да го затворат теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД нападне иранска енергетска инфраструктура

Tea Dimkovska

Протести во Киев по смената на министерот за одбрана

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе