Вести Свет

Штипскиот градоначалник случајно затекна дрвокрадци враќајќи се од увид на градежни активности

Четворица дрвокрадци со запрежна кола се фатени на патот кај населбата  Мирјанина Црква во Штип. Акцијата се одвиваше пред медиумите, кои заедно со штипскиот градоначалник се враќаа од увид во градежни активности на локалниот пат Шашаварлија. Јорданов пред камерата на Емнет ги повика полициските службеници дека на патот пред нив е запрежната кола со дрва.

Откако дрвокрадците ги забележаа полициските службеници се разбегаа и ги оставија дрвата, запрежната кола и моторната пила.

Штипскиот градоначалник најави дека во среда ќе го свика локалниот Совет за превенција  на кој освен локалните институции ќе присуствуваат и од СВР-Штип, Обвинителство, судската власт и Шумска полиција, а со цел да се делува координирано.

Граѓаните неколку години реагираат дека во овој дел на градот Штип можат да се забележат и возила без регистерски таблички, кои носат дрва, а боровата шума која е во месноста Мирјанина црква веќе неколку години неконтрилирано се сече и околу неа се создаваат диви депонии, но и нелегално се градат куќи. На овој потег ќе се постават комунални редари, а на терен ќе излезат и градежните инспектори и полицијата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД шеста ноќ по ред вршат воздушни напади врз Иран

Tea Dimkovska

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе