Вести Свет

Руски милијардер: Војната треба веднаш да заврши

Рускиот милијардер Андреј Мелниченко повика на прекин на огнот во Украина, нарекувајќи ја војната трагедија која мора да престане. Тој предупреди на криза со храна поради поскапувањето на ѓубривата.

„Настаните во Украина се навистина трагични. Итно ни треба мир“, рече Мелниченко, кој е Русин, но е роден во Белорусија, а неговата мајка е Украинка.

Мелниченко ја испрати пораката до Ројтерс преку неговиот портпарол.

„Како Русин по националност, Белорусец по потекло и Украинец по крв, чувствувам голема болка и неверување кога сум сведок како братските народи се борат и умираат“, се вели во неговата изјава.

Италијанската полиција ја заплени неговата суперјахта вредна 530 милиони евра

Италијанската полиција ја заплени суперјахтата на Мелниченко неколку дена откако беше вклучена во листата на санкции на ЕУ воведени поради руската инвазија на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе