Австралиската влада им се придружи на Велика Британија и САД и санкционираше 22 руски олигарси и членови на нивните потесни семејства.
Еден од нив е и Роман Абрамович, сопственик на фудбалскиот клуб Челзи. Санкционирани се и Алексеј Милер, Дмитриј Лебедев, Сергеј Чемезов, Николај Токарев, Игор Шувалов, Кирил Дмитриев и уште неколку други.
Австралија рече дека санкциите објавени денеска ја зајакнуваат посветеноста на земјата да ги санкционира оние луѓе кои собрале огромно лично богатство и кои се од економско и стратешко значење за Русија.
Во соопштението се вели: „Австралиската влада ја дава својата најсилна поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и на народот на Украина“.
