Ррускoто бомбардирање на педијатриската болница е „воено злосторство“, рече
украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака.
„Денес се дефинира. Кој на која страна е. Руски бомби паднаа врз болницата и
породилиштето во Мариупол. Тие згради беа уништени. Досега има 17 повредени“, р
ече тој.
„Каква е оваа земја, Русија, која се плаши од болниците и породилиштата и ги уништува?“, праша тој, осудувајќи ги „ѕверствата“ извршени во Мариупол, пристаниште на југот на земјата што е под руска опсада повеќе од недела.
Тамошните локални власти соопштија дека во деветте дена од опсадата биле убиени 1.207 цивили.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
