Вести Најважни Свет

Украинска армија: Русите тешко напредуваат, деморализирани се. Ја менуваат тактиката

Украинската армија ги објави најновите проценки за руската инвазија, велејќи дека „непријателот ја продолжува офанзивната операција, но темпото на напредување на неговите трупи значително се намалило“.

На тринаесеттиот ден од рускиот напад, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека од 6 часот по локално време, украинските војници ќе продолжат да се бранат во јужниот, источниот и северниот сектор. Главниот град Киев и северниот град Чернихив сè уште се во украински раце.

Во него се додава дека противвоздушната одбрана на земјата успешно ги одбила ракетните и воздушните напади.

„Окупаторите се деморализирани и се повеќе прибегнуваат кон грабежи и ги кршат правилата на меѓународното хуманитарно право за воени конфликти“, соопшти украинската војска.

Тие тврдат дека Русија сега прибегнува кон психолошка војна и дека се создадени групи руски сили за извршување на задачи поврзани со „водење пропагандна војна“ на окупираните територии со цел да се влијае врз локалното население.

Зеленски со порака до Западот: Путин нема да запре. Ние ќе бидеме први, вие ќе бидете следниот

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе