Вести Свет Топ вести

ВИДЕО: Нашите синови во Украина гинат, а каде е Вашиот? Руски гувернер Цивилев: Па, на факултет студира

Британски Телеграф објави расправија во која мајки на војници од Сибир гневно се расправаат со гувернерот на областа Кузбас Сергеј Цивилев затоа што нивните синови биле испратени на фронт во Украина без да бидат соодветно подготвени.

На прашање од една мајка, „Каде е Вашиот син“, гувернерот ладнокрвно одговара дека студира на Универзитет и продолжува да им објаснува на мајките дека станува збор за специјална воена операција (еуфемизам кој го користи руската власт за воената инвазија во Украина) и дека не смее да се кажуваат многу податоци за неа.

Во разговорот Цивилев тврди дека ниту војниците не ги знаат своите цели. Покрај сибирскиот гувернер, во училишна спортска сала на состанокот седат и двајца припадници на руската армија, но никој од нив не зборува на видеото кое го објави Телеграф.

Гувернерот Цивилев е убеден дека многу скоро ќе се заврши со операцијата, на што една од мајките му дофрла, „Да, кога ќе ги убијат сите“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Триглав станува сопственик на удел во една од водечките приватни здравствени групации во Хрватска  

Дејан Дејан

ОЈО: Oбвинението против Латас застаре поради супервештачење нарачано од Кривичен

Дејан Дејан

Сергеј Корецки е нов премиер на Украина

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе