Вести Свет

Руски олигарх со украинско потекло пронајден мртов во вила во Англија

Мртвото тело на Михаил Ватфорд (66), руски олигарх со украинско потекло, беше пронајдено во понеделникот во гаражата на неговата вила во Сари, Англија, објавија британските медиуми. Вотфорд бил обесен, а телото го пронашол градинар.

Рускиот олигарх зад себе ги остави сопругата Џејн и трите деца. Полицијата ја истражува смртта, која се уште се третира како „необјаснета“, но наведува дека „не се верува дека имало сомнителни околности“. Треба да се напомене дека Ватфорд не се најде на списокот на руски олигарси против кои неодамна беа најавени санкции.

Вотфорд направи богатство во трговијата со гас и нафта, јавуваат британските медиуми. Живеел во вила вредна 18 милиони фунти.

„На неговата душевна состојба сигурно влијаела ситуацијата во Украина“

„На неговата душевна состојба секако влијаеше ситуацијата во Украина. Времето на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не е случајно“, изјави семеен пријател за таблоидот „Сан“.

Неговата вдовица објавила нивна заедничка фотографија на Фејсбук по смртта на нејзиниот сопруг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе