Во одделни несреќи на романски борбен авион Миг 21 и воен хеликоптер загинаа вкупно осум лица, соопшти романското Министерство за одбрана.
Прво се урна борбен авион, а потоа и хеликоптер
Пилотот на романскиот воен MiG 21 LanceR и седумчлен хеликоптерски екипаж испратен да го најде во мисија за пребарување и спасување загинаа кога нивните авиони се урнаа во одделни инциденти доцна синоќа, соопшти Министерството.
МиГ бил во воздушна патрола кога исчезнал од радарите во источна Романија помеѓу селата Когеалац и Гура Доброгеи.
Пилотот на хеликоптерот IAR 330-Puma, кој беше испратен да го пронајде, пријавил неповолни временски услови и бил повикан назад во базата пред и тој да се урне, соопшти Министерството.
Романија, членка на Европската унија и НАТО, планира постепено да ги исфрли руските авиони МиГ и целосно да се префрли на американскиот Ф-16.
