Кванташкиот пазар утринава со помала раздвиженост од вообичаено. Иако не сакаат да зборуваат пред камера – сепак велат дека органичувањата на маржите за зеленчукот и овошјето револтира дел од газдите на магацините.
„Поради намалените маржи најмногу ќе претрпи овошјето и зеленчукот. Според информациите, маркетите веќе ги откажуваат набавките и поради тоа робата стои во магацините.“
Според информациите на Телма, продавачите на овошје и зеленчук – со Владата разговарале за тоа ограничувањата на маржите за овошјето и зеленчукот да бидат тргнати. Дали тоа ќе се случи, ќе се знае следната недела.
- Ако во понеделник има намалување на цените – можеби ќе има промени во однос на маржите што сега се ограничени, во спротивно се разгледуват и други мерки.“ , вели Крешник Бектеши – Министер за економија
Во некои од маркетите, нема ниту месо, но производителите и продавачите за Телма велат дека причината се ограничените маржи. Впечатокот за недостаток во трговските ланци сметаат дека најверојатно настанал поради новата мерка на Владата за ограничување на големопрдажните и малопродажните маржи. Една од причините според Групацијата на месопреработувачи е несоодветната висина определна со мерката која не ги покрива основните трошоци за работење, па така дел од овие субјекти одлучиле да ги откажат овие производи и да не работат со загуба.
- Многу поголем ефект за граѓаните би имало доколку мерките се насочени кон навистина неколкуте основни и важни производи за населението за кои е наменета мерката.Трговците на мало ќе бидат принудени дел или повекето од овие производи во наредниот период да ги откажат или пак истите нема да бидат доставени од страна на дистрибутерите, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци.“, реагираат од Групација на месопреработувачи при Стопанската комора
Бараат веднаш да се ревидира мерката со ограничување на опфатот на асортиманот и определување на неколку основни производи, предвидување на соодветна поддршка од страна на државата преку субвенции во енергенсите или стоковите резерви за сите стопански субјекти кои се опфатени со мерката и по итна постапка Мерката за Ослободување на замрзнато свинско месо наменето за преработка да се преточи во Закон. Во меѓувреме, од Државниот пазарен инспекторат велат дека сè уште прават анализи дали и претходно некои од маркетите криеле производи за да ги продаваат по повискоки цени, како што објави министерот за економија Бектеши, но казни и потврда за тоа сè уште нема. Од први март на сила е мерката која ја воведе Владата, а се однесува на замрзнување на маржите или разликата помеѓу набавната и продажната цена на трговските стоки и тоа на пет отсто за трговците на големо, а десет отсто во трговијата на мало, за најнеопходните прехранбени производи.
Петар Догов