Четири големи експлозии го осветлија небо над Киев синоќа, не се знае што биле целите на нападот, ниту дали има жртви. Според украинското министерството за одбрана, руските сили продолжиле со нападите врз областите блиску до главниот град Киев – Вишгород, Фастив и Обухив – повеќе руски тенкови се забележани во тие области. Се додава дека руските падобранци се забележани во регионот на Црното Море заедно со ракетни чамци кои се упатуваат во правец на јужниот пристанишен град Одеса.
Русија ги интензивира своите напади врз клучните украински градови – со борби кои беснеат веќе осми ден на север, исток и југ во земјата. Обединетите нации соопштија дека еден милион бегалци сега избегале од Украина во соседните земји.
Се стравува дека стотици луѓе загинале во јужното пристаниште Мариупол по повеќечасовното континуирано гранатирање, изјави заменик-градоначалникот на градот.
Украинското Министерство за одбрана тврди дека руските сили остануваат „неуспешни“ во насоките во кои напредуваат и дека јужниот град Мариупол останува во украински раце.
Овој град е клучен за Русите бидејќи со неговото освојување би ги здружиле своите сили на југ и на исток во Украина.
