Вести Најважни Свет

Градоначалникот на Херсон призна дека градот паднал, откри детали од разговорите со Русите

Руски војници се во Херсон и насилно влегле во зградата на градскиот совет, изјави градоначалникот на тој град.

Во објава на Фејсбук околу 22 часот синоќа, градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев, напиша: „Вооружени гости влегоа денеска во градскиот совет. Јас и мојот тим сме мирољубиви луѓе, немавме оружје и агресија од наша страна. Немаме украински вооружени сили, само цивили и луѓе кои сакаат да ЖИВЕАТ овде!“

Снимките од надзорните камери вчера потврдија дека руски оклопни возила имало во градот, но не е сосема јасно дали Русите го контролирале целиот град бидејќи украинските власти негираа дека градот е под руска контрола и дека борбите се уште траат.

Коликаев рече дека преговара со напаѓачите.

„Ништо не им ветив. Немам што да ветам. Ме интересира само нормалниот живот на нашиот град! Ги замолив да не пукаат во луѓе“, рече тој.

Прогласен е полициски час од 20 до 06 часот, а во градот се пропуштаат возила кои носат храна, лекови и други потреби. Градоначалникот рече дека јавниот превоз наскоро ќе биде пуштен во употреба.

Тој ги предупреди граѓаните да не се судираат со војската.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе