Вести Свет

ВИДЕО: Руски војници со бомби во рацете се заканија дека ќе го израмнат градот до земја

Градот Конотоп во североисточна Украина, во регионот Суми недалеку од границата со Русија, беше сцена на тензични сцени.

Имено, делегација руски војници дошла во градот на „преговори“. На видеото кое вчера се појави на социјалните мрежи, а чија автентичност ја потврди и Њујорк тајмс, се гледа како руски војници држат рачни бомби кои ги напуштаат преговорите во кои, според украинската страна, тие бараат градот да се предаде или да биде срамнет со земја. Според Њујорк тајмс, не е јасно кога навистина се случил снимениот настан.

На снимката се гледаат руски војници кои ги следи лута толпа Украинци кои извикуваат „Слава на Украина“ и ги пцујат руските војници да го напуштат градот. Русите потоа влегуваат во воено возило и го напуштаат градот.

Се појави уште едно видео на кое градоначалникот на Конотоп, Артем Семеникин им се обраќа на граѓаните на улицата пред зградата на градскиот совет и им кажува дека руски војници му рекле дека „ќе го израмнат градот до земја со артилерија“ доколку тој не се предаде.

„Сакате да се борите или да се предадете? Јас сум за борба“ – рече градоначалникот.

Потоа ги праша граѓаните дали сакаат да се борат или да се предадат. Повеќето од собраните изјавија дека сакаат да се борат.

„И јас сум за борба. Но одлуката мора да биде едногласна затоа што ни насочија артилерија“, рече градоначалникот.

На крајот, сепак, беше постигнат еден вид договор, изјави висок претставник на украинската армија. Според договорот со Русите, во Конотоп не се зборува за промена на власта.

„Русите се заинтересирани за редот и законот. Нема да има воени маневри. Украинското знаме останува на место. Договорот за прекин на огнот е на сила, нема да има меѓусебни провокации. Русите ќе останат на своите позиции и нема да го попречуваат минување на возила за јавен превоз.и храна и хуманитарна помош“, изјави Дмитро Живицки, шеф на воената управа на регионот Суми.

„За да се обезбеди безбедност во градот, нашите волонтери ќе изградат контролни пунктови во Конотоп“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе