„Вие ќе ги сносите последиците“ руското Министерство за надворешни работи објави дека оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата.
Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор. Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во оружје. Последната, по неутралната Финска, ја објави Норвешка, која се придржува до политиката да не испраќа оружје во земјите кои не се членки на НАТО, во војна или загрозени од вооружени конфликти од 1950-тите.
