РУСКИОТ претседател Владимир Путин денеска им
забрани на Русите да изнесуваат девизи од
земјата, во обид да ја стабилизираат вредноста на рубљата, која историски потона по воведувањето на санкциите. Одлуката за забрана за извоз
на девизи стапува во сила утре, соопшти Кремљ.
Дополнително, руските извозници ќе мора да
претворат 80 отсто од заработката од девизи во рубљи и да одржуваат таков сооднос во иднина.
Овие драматични мерки се обид за одбрана на
руската економија од западните санкции, наметнати по руската инвазија на Украина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
