Свет

Во Обединетите нации – минута молчење за Украина

Специјалната вонредна седница на Генералното собрание на Обединетите нации посветено на Украина почна со минута молчење. Се дебатира дали да се осуди руската инвазија врз нејзиниот сосед. Претседателот на Собранието Абдула Шахид повика на итен прекин на огнот и на дијалог. Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, соопшти дека Москва не планира да ја окупира Украина и дека руските сили не се закана за украинските цивили. Тој соопшти дека САД протеруваат 12 руски дипломати во Мисијата на Обединетите нации, кои треба да си заминат до 7 март. Кинескиот амбасадор Чанг Јун посочи дека студената војна одамна е завршена и дека со враќањето на таквата политика –сите ќе изгубат. Кина гласаше воздржано при изјаснувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за Резолуцијата за осуда на руската агресија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија

Sasko Dimovski

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе