Вести Македонија Топ вести

Градоначалничката Арсовска упаѓаше во збор и се караше со министерката за култура, архитектите и проектантот за реконстукцијата на Универзална сала

Наместо култура на дијалог и конструктивни забелешки, градоначалничката Арсовска денеска упаѓаше во збор и ги искара министерката за култура, претставниците од Асоцијацијата на архитекти и проектантот на проектот за реконструкција на Универзалната сала. Ова е денешниот епилог по препукувањата преку соопштенија за проектот за поправка на Универзална, за кој градоначалничката пред два дена кажа дека има недостатоци и дека е небезбеден за граѓаните, наспроти обвинувањата  од централната власт дека неколку месеци е запрен од локалната власт заради неспособност.

Градоначалничката ги покажа записниците, за кои кажа дека се изготвени од претходната локална власт, во кои се евидентирани недостатоци во проектот за реконструкција на Универзална, дека тој е небезбеден и дека требало да се изготви претходно анализа.  Го прозва Ралев – претседателот на Управниот одбор на ААМ, за кој рече дека како член на Извршниот одбор на СДСМ нема да му помогне низ цел Одбор за вчерашното соопштение во одбрана на проектот. И не ѝ дозволи на претседателката на Собранието на Асоцијацијата да се искаже.

По дебата со Арсовска, Јанковска се повлече, па Ралев го објасни тоа што таа не можеше.

Од почеток проектите не се 100% прецизни за да се изведат и секогаш при градба доаѓа до одредени ускладувања на состојби, фази и решенија, рече Ралев .

Од проектантската куќа „Мегарон Инженеринг“, рекоа дека е изготвен проект и за втората фаза од реконструкцијата и дека по констатираните забелешки за проектот за првата фаза, тој бил препроектиран и одобрен од ИЗИС.

Го препроектиравме сето тоа и еве има уште едно позитивно мислење кое што не поништува ништо. Позитивно мислење за измените во тек на градба, изјави Бујар Муча од Мегарон Инженеринг.

Да се надминат разликите и да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала, повика министерката за култура на средбата со градоначалничката Арсовска пред објектот. Но, градоналаничката обвини дека министерката ја одбила поканата да дојде во Град Скопје за да се увери во неисправноста на проектот за реконструкција на Универзална.

Градоначалничката остана на ставот дека Универзална ќе продолжи да се реконструира, но откако ќе се изготви проект што ќе биде безбеден.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе