Вести Свет Топ вести

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА.

На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра.

Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Ова значи дека сојузниците ќе мора да покриваат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, пренесува ДПА.

Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Најголемиот дел од парите ќе бидат обезбедени од европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина под водство на претседателот Доналд Трамп. Германија веќе претходно објави дека во 2026 година има намера да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.

Во последните месеци, НАТО му помага на Киев преку програмата наречена Список на приоритетни потреби за Украина, позната под кратенката PURL. Програмата функционира така што САД продаваат оружје и муниција на европските сојузници и Канада, кои потоа ги пренесуваат на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе