Вести Свет

Молдавија воведува вонредна состојба, Украинците чекаат во колони на границата

Молдавија ќе воведе вонредна состојба и е подготвена да прифати десетици илјади луѓе од соседна Украина, изјави молдавската претседателка Маја Санду.

„Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка“, рече таа.

Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдавија, објавија молдавските медиуми.

Молдавија ќе го затвори својот воздушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон други аеродроми поради безбедносната ситуација во регионот, изјави молдавскиот вицепремиер Андреј Спину во објава на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе