Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија треба веднаш да ја прекине воената интервенција во Украина.
Во изјавата на својот Твитер профил, Макрон објави дека ја осудува одлуката на Русија да води „војна“ против Украина.
„Русија мора веднаш да ги прекине своите воени операции“, напиша Макрон и нагласи дека неговата земја стои во солидарност со Украина и стои до Украинците.
Макрон изјави дека Франција дејствува со своите партнери за да стави крај на оваа војна.
Во меѓувреме, Макрон го свика Советот за одбрана за руската воена интервенција во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин утринава соопшти дека започнале специјална воена операција во Донбас, источна Украина.
