Вести Свет Топ вести

Бајден го осуди нападот на Русија врз Украина

Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили.

-Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите ќе одговорат обединето и одлучно, рече Бајден.

Светот ќе ја повика Русија на одговорност, истакна во објавеното соопштение.

Бајден најави дека денеска има договорено итна средба со лидерите од Г-7 и дека потоа ќе се обрати до американскиот народ „околу понатамошните последици што САД, сојузниците и партнерите ќе ги наметнат врз Русија за овој непотребен акт на аресија против Украина и против глобалниот мир и безбедност“.

-Исто така ќе се координираме со нашите сојузници од НАТО да осигураме силен и обединет одговор што ќе одврати агресија против алијансата.

Целиот свет вечерва се моли за народот на Украина, рече Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе