Вести Свет

Милановиќ е против проширување на НАТО кон Украина

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека НАТО не треба да се шири кон Украина.

– Додека сум претседател, ќе бидам против проширување на НАТО каде било, рече Милановиќ пред новинарите во Пожега.

Изјавата на хрватскиот претседател, која е спротивна на политиката на отворени врати на Алијансата, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западните земји околу Украина.

– Мислам дека тој што се залага за проширување на НАТО во Украина го загрозува хрватскиот интерес. Ние сме во НАТО, па утре некој може да испрати наши луѓе таму, објасни Милановиќ.

– Не е исто да се биде дел од борбена група во Унгарија, на езерото Балатон или хрватската армија на прва линија на фронт во исчекување напади. Зошто би ги испратиле таму? Ќе видиме, се ќе утврдиме во од. Саборот секогаш може да оди во луда авантура, но потоа и ќе одговара, рече Милановиќ.

– Гледаме како една сиромашна земја се уништува со подгревање паника. Украина повикува на смирување на тензиите, рече тој и додаде дека се работи за неколку десетици илјади руски војници недалеку од милионски градови.

– После ова тешко ќе се поверува во некои работи. Едноставно, на вакви работи се губи кредибилитетот ако се покаже дека не било се како што треба. Ние мислиме со своја глава, така и ќе биде. Никој ништо не ни дал, но ние нема да се одмаздуваме. Нам ни беше потешко отколку сега на Украина, а добивме ембарго. На Украина и се создава илузија дека можат да се одбранат од Русија, се поттикнува конфликт, а во исто време се зборува дека наши војници нема да има таму, рече Милановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе