Вести Македонија Топ вести

28 годишна телевизиска презентерка предлог на владата за генерален конзул во Њујорк

Дваесет и осумгодишната телевизиска презентерката Бесмира Ејупи е предлогот на МНР и на Владата за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк.

Синоќа на затворена седница на владата токму таа поминала како предлог да ја претставува државата во Њујорк, речиси без забелешка од министрите иако нејзиното портфолио за оваа позиција е благоречено дискутабилно.

Законот за надворешни работи предвидува доколку лицето кое се избира да биде упатено како генерален козул, а не доаѓа од редовите на професионалните дипломати, треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.

Во биографијата на Ејупи доставено пред една година, во декември 2020 година, до собранието кога конкурирала за член во Комисијата за заштита од дискриминација, од работно искуство навела само дека била презентер во четири телевизии.

Освен тоа законот пак пропишува за генерален конзул да биде упатено лице кое е државјанин на Македонија и има високо образование, што според биографијата која е достапна за Ејупи се најверојатно единствените два критериуми кои таа ги исполнува од Законот.

Од другите квалификации кои се потребни се бара и меѓународно признат сертификат за познавање на англиски  јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, како и втор странски јазик различен од англискиот кој треба да бдие еден од официјалните јазици на ОН или на ЕУ, на ниво еквивалентно на нивото Б1 на ЦЕФР.

Според биографијата на Ејупи од пред една година наведено е дека таа поседува ТОЕФЛ сертификат за познавање на англиски јазик иако во приложената документација има потврда за познавање на англиски јазик на ниво Б2, од образовниот центар „Херц“ на чиј пак интернет сајт е навдено дека тие вршат подоготвителна настава за полагање на ТОЕФЛ, но не и дека издаваат ТОЕФЛ сертификат.

Телам ја контактираше телефонски Ејупи. На прашањето дали може да потврди дека е кандидат за генерален конзул во Њујор кратко ни одговори:

„Нема ништо да потврдам, но за неколку дена можам да ви дадам изјава“, по што ја прекина телефонската врска.

Се обидовме повторно да ја исконтактираме, но веќе не одговараше на повиците, а потоа бројот беше исклучен.

Од владата на прашањето дали Бесмира Ејупи вчера поминала на седница како кандидат за генерален конзул и дали и се проверени квалификациите за оваа позиција, кратко одговорија:

„На отоворената седница немаше точка со ова кадровско решение“.

А на затворената седница?

„Ви одговорив, на отворената седница немаше точка со ова кадровско решение“.

Телма достави и неколку прашања до МНР за изборот на Ејупи за генерален конзул, меѓу кои и по кој критериум е Ејупи избрана, но досега не добивме одговор.

Инаку според законот, начинот за проверка на исполнетоста на условите од овој член на кандидатите за генерален конзул го пропишува министерот. Министерот е тој и која ја покренува постапката за именување на генерален козул, за кој предлог откако ќе биде прифатен од владата се бара негово прифаќање од земјата на приемот.

Откако ќе го добие тоа Владата треба да донесе одлука за именување на кандидатот за генерален конзул по што тој веднаш се упатува во Мисијата.

Ејупи не е единствениот контроверзен избор на владата за генерален конзул. Во март 2021 година такво беше именувањето и на Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, инаку син на алберт Муслиу.

Инаку македонската дипломатија од осамостојувањето до денеска беше претставувана од директор на пошта, сопственичка на старски дом, психијатар, а нижеше и скандали како возење на амбасадор во пијана состојба во спротивна насока на автопат, љубовни скандали кои завршуваа полициска интервенција, како и тепачки.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе