Вести Свет

Судска потврда на жолтиот ЕУ картон за Полска и Унгарија: намалено демократско ниво- намалени финансиски фондови

Полска и Унгарија денеска ги загубија тужбите против механизмот на ЕУ кој ги казнува прекршувањата на владеењето на правото во земјите-членки со задржување на средства, соопшти Европскиот суд на правдата.

ЕСП пресуди дека „механизмот е усвоен на соодветна правна основа“ и ги отфрли тужбите поднесени од Полска и Унгарија, стои во соопштението на највисокиот суд на Европската унија.

Новиот механизам на ЕУ за санкционирање има за цел да ги казни прекршувањата на владеењето на правото во земјите кои се членки на Европската унија преку задржување на средствата од ЕУ наменети за земјата – прекршител на правилата.

ЕУ воведе механизам за санкции откако критичарите ги обвинија владите во Будимпешта и Варшава дека ги поткопуваат стандардите на владеењето на правото, како што е независноста на судството.

Двете земји на ЕУ – за кои Брисел вели дека назадуваат во однос на владеењето на правото – го оспорија механизмот пред ЕСП и бараа таканаречениот „механизам на условеност“ да се укине, но Европскиот суд на правдата одлучи поинаку.

За одлуката ќе се расправа и во Европскиот парламент, каде еврокомесарот за буџет Јоханес Хан ќе ја застапува Еврокомисијата наместо шефицата Урсула фон дер Лајен, која е повеќе фокусирана на воената криза околу Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ја поздрави одлуката на Судот на правдата на ЕУ кој во целост ги отфрли тужбите поднесени од Унгарија и Полска против механизмот за условување, кој го поврзува почитувањето на владеењето на правото и исплатата на европските фондови.

– Денешните пресуди потврдуваат дека сме на вистинскиот пат, изјави фон дер Лејен по објавувањето на пресудата.

Комисијата најави дека сега внимателно ќе ја испита пресудата и нејзиното можно влијание врз следните чекори предвидени со механизмот.

Унгарската министерка за правда, Џудит Варга, одлуката на Судот ја нарелче „политички мотивирана“.

– Одлуката е доказ дека Брисел ја злоупотребува својата моќ, напиша Варга на Твитер.

Таа тврди дека одлуката е базирана само врз тоа што „минатото лето го усвоивме нашиот Закон за детска заштита“.

Коментарот на Варга се однесува на легислативата, донесена минатата година, за штитење на децата и младите лица во Унгарија од одредена содржина, поврзана со сексуалноста.

Критичарите го критикуваа законот како обиди за отфрлање на хомосексуалноста и трансродовите лица и за да ги оддалечи младите од важните информации.

Европската унија поведе прекршочна постапка како одговор на контроверзната легислатива. Сепак, тој случај, не е поврзан со механизамот за владеење на правото во центарот на денешната пресуда во Европскиот суд за правда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе