Вести Ковид19 Македонија

За 60% зголемен бројот на заразени во училишната популација меѓу 6 и 14 години, намлување на заболени во општа популација

Епидемиолошката состојба според индикаторите како број на случаи и процент на позитивни во тестирани се забележува намалување и подобрување на епидемиолошката состојба.

-Тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба, а за тоа особено не потсетува возрасна група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на бројот на случаи. Тоа се школските деца, кои најголем дел се на настава со физичко присуство. Во моментот нема простор за загриженост, се следи состојбата и ние како комисија апелираме, целосно, да се следат, целосно, актуелните протоколи за одржување настава со физичко присуство. Исто така апелираме до учениците и до родителите да бидат поотворени на тестирање, рече др. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести во МЗ.

Последната недела биле регистрирани 320 заболени деца на визраст меѓу 6 и 14 години, а претходната недела имало 200 заболени, објасни Петличковски. Тоа претставува зголемување од околу 60 %.

Донесена е одлука за почнување на скрининг во училишната популација, ќе трае една недела, а ќе бидат опфатени 2.000 ученици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе