Вести Свет

Чижов: Нема да ја нападнеме Украина доколку не бидеме испровоцирани

Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоцирано да го стори тоа“.

– Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме, изјави Чижов во интервју за британски „Гардијан“.

Тој истакна дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во Донбас.

Чижов изјави дека бројот на руски војници на границата со Украина е еквивалентен на бројот на војници за време на вежбата Запад 21, која беше спроведена во септември минатата година.
– И тогаш никој не кажа ни збор, додаде Чижов.

Рускиот дипломат рече дека верува оти дипломатските напори во последните недели сепак може да резултираат со решение прифатливо за сите страни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе