„Едниот дал одобрение за градба осум месеци откако објектот бил свечено пуштен во употреба, другиот си делел хонорари себе си и на советниците за неодржани седници и не водел деловни книги речиси за ништо„.
Со овие обвинувања, Антикорупциската комисија бара Обвинителството да покрене кривични пријави против поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски, и актуелниот градоначалник на Студеничани, Азем Садики.
Георгиевски се товари за злоупотреби при изградбата на новиот салон за автомобили на „Волво“ во Маџари, кој е изграден без одобрение.
Бајрами тврди и дека, овластениот општински инспектор, кој требало да се изјаснува за градењето без дозвола пред советниците, бил изложен на мобинг, по што ја напуштил и работата.
Екс-градоначалникот ги негира обвинувањата.
Градоначалникот Азем Садики, пак, се соочува со можна кривична одговорност поради ревизорскиот извештај од кој се гледа дека, голем број на буџетски трошоци не се забележани во деловните книги.
Садики, кому ова му е четврти мандат за градоначалник, исто така ги негира обвинувањата.
аАнтикорупционерите најавија дека, отсега натаму Комисијата ќе обработува по еден извештај на Државниот завод за ревизија и ќе бара од Јавното обвинителство кривична одговорност за службени лица кои ги прекршиле своите овластувања.
Далиборка Демјанска Цветановска
