Временска прогноза

Променливо облачно и ветровито – Временска прогноза за 12.2.2022

Викендов со мала промена на временската состојба, со што акцент ќе има на облачноста. Утре ќе преовладува променливо облачно време, во некои делови со зголемена облачност со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови со слаб локален дожд.

Агропрогноза:

Променливото време на почетокот од седмицата донесе нови врнежи од снег и на пониските места, a  ја зголемија снежната покривка и на планините, што е добро  од хидролошки аспект и влева надеж за полнење на акумулациите, кои се на многу ниско ниво.

Во останатиот дел од седмицата стабилното и суво време со утрински температури околу 0°С и дневни кои достигнуваа вредности и до 13°С, во овој период од годината е добредојдено за изведување на работи во поле како што е кроењето на лозјата и резидбата на овошките.

Временските услови во наредната седмица кои носат стабилизирање и затоплување, ќе им овозможат на земјоделците да ги вршат и понатаму резидбите на виновата лоза и овошките, припрема на површините во пластеничкото проиводство и евентуално прихранување на есенските посеви.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-6 Битола, Берово, -5 Струмица, -4 Скопје-Петровец, Претор, -3 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија, 0 Виница, Дојран, 2 Kрушево.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

33 Маврови Анови, 24 Попова Шапка, 18 Крушево, 13 Пожаране, 5 Ѓуриште.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе