Вести Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип, а сообраќајот е во прекин

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш на дваесеттиот километар. Според првичните информации несреќата е со жртва.

 

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова ја потврдува информацијата и вели дека станува збор за возач на едно од возилата, кои учествувале во несреќата.

Според информациите од терен дошло до судир меѓу возило со радовишки регистерски таблички и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец. Во несреќата најверојатно има и повредени лица.

Во тек е увидот, а несреќата во Полициска станица-Штип е пријавено во 14.39 часот.

 

 

Експресниот пат Штип-Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а возилата се движат по стариот регионален пат. Повеќе информации се очекуваат за неколку часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Водата во Крушево е бактериолошки неисправна мора да се преврива, да не се пие ниту од чешмите кај бензиската пумпа и кај Св. Петка

Дејан Дејан

Муцуски: Уставни измени со одложено дејство како опција за откочување на пристапниот процес на Македонија во ЕУ

Дејан Дејан

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини пуштен од притвор

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе