Вести Ковид19 Македонија

28 починати и 1409 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).

Починатите се на возраст од 40г до 89г.

Од пријавените лица 4 лица  се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=28),  17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе