Вести Свет

18,5 милиони долари хуманитарна помош од Јапонија за Мјанмар

Министерот за надворешни работи Хајаши Јошимаса на прес-конференција укажа на „стагнацијата“ во економијата и рече дека луѓето во Мјанмар имаат потешкотии да ги задоволат секојдневните потреби.

Истакнувајќи дека хуманитарните услови во Мјанмар се влошени, министерот Хајаши рече: „Јапонската влада проактивно ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош што ќе стигне до сиромашниот народ на Мјанмар“.

Според соопштението на министерството, јапонската влада ќе испрати хуманитарна помош во Мјанмар во износ од 18,5 милиони долари.

Одлуката за помош е донесена откако Обединетите нации (ОН) ја повикаа меѓународната заедница да обезбеди хуманитарна помош за Мјанмар на 30 јануари.

Во рамките на споменатата финансиска помош, храната и медицинските производи ќе бидат доставени до жителите на Мјанмар преку меѓународните организации и Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари 2021 година, по наводите за измама на општите избори во 2020 година и политичка тензија во земјата.

Армијата приведе многу функционери и лидери на владејачката партија, особено Су Чи, поранешен де факто лидер на земјата, и прогласи вонредна состојба на една година.

Како резултат на вооружената интервенција на армијата на Мјанмар против демонстрантите против пучот и бунтовничките групи, животот го загубија 902 лица, а илјадници демонстранти се приведени.

Во меѓувреме, Организацијата за помош на политички затвореници извести дека повеќе од 1.400 луѓе ги загубиле животите во земјата по пучот, а над 10 илјади луѓе се приведени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе