Вести Код Македонија Топ вести

КОД: Како се кроеше пресудата за смрт на 23-годишен полицаец на службена должност

23-годишниот полицаец Петар Ѓурчиноски загина пред две години на службена задача додека обезбедуваше место на сообраќајна несреќа на опасниот и тесен автопат Тетово-Гостивар.

Но возачот кој беше обвинет за несреќата е осуден на една година затвор по што одбраната ја обжалува затоа што две вештачења утврдиле дека иако го удрил полицаецот не ја предизвикал несреќата.

Обвинителот во случајот е истиот обвинител кој ја прифати спогодбата со Зоран Милески-Кичеец за предизвиканата сообраќајна несреќа.

За казната од една година за смртта на полицаецот Петар, истиот обвинител одлучил да не се жали, што предизвика и револт и нова вознемиреност во семејството на загинатиот, кое зборува за КОД.

Во КОД вечерва и приказната за велешанката Пале Илоска. Таа бранејќи се од семејно насилство на кое била жртва со години, на крај заврши како обвинета за убиство во миг. Експертите сметаат дека станува збор за борба за живот односно за нужна одбрана.

Емисијата КОД е емитувана во редовниот термин, (недела 06.02.2022.) во 19:15 на ТВ Телма. На линкот доле е целата емисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Игра на тронови во Обвинителството: Вишото скопско повторно обезглавено- в.д. Крстевска Цалева си поднела оставка, Советот дознал денеска и ќе одлучува на наредна седница

Дејан Дејан

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе