Временска прогноза

Сончево со мала, во северозападните и западните делови до умерена облачност – Временска прогноза за 5.2.2022

Првиот ден од викендот на повеќе места ќе се задржи сончево време  со мала, а во северозападните и западните делови  умерена облачност. Кон крајот на денот во северозападните делови облачноста дополнително ќе се зголеми, а во текот на ноќта во овие делови од земјата ќе има локални врнежи од дожд и снег. Во текот на утрешниот ден ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура и утре на повеќе места ќе биде под 0°C, а дневната ќе се движи во интервал од 4 до 13°C.

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)

49 Маврови Анови, 30 Попова Шапка, 27 Крушево, 26 Пожаране, 19 Ѓуриште, 7 Битола, 6 Берово, 4 Претор, 3 Тетово, Прилеп, Крива Паланка.

 

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево време со мала до умерена облачност, во попладневните часови нестабилно – Временска прогноза за 11.6.2026

meteo

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе