Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.
Без конкретни очекувања е премиерот Христијан Мицкоски, од посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и шефот на дипломатијата, Тимчо Муцински на Софија.
Мицкоски за тоа дали интензивната соработка која земјава ќе ја има со Германија и Франција, што е договорено со челниците на овие држави на самитот во Тиват, ќе има влијание врз денешната средба на Давкова со бугарската претседателка, Илија Јотова и ќе влија за подобрување на односите со Бугарија, кратко одговори дека не знае.
ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот. Иницијативата започна во 1996 година токму во Софија. Со текот на годините, бројот на земји учеснички се прошири на 13 и сега дел од ПСЈИЕ се Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.
