Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег, а ќе дува и засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до 2°C, а максимумот од -1 до 8°C.
Агропрогноза:
Временските услови неделава очекуваме да им годат на културите во услови за презимување, но доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците да влезат во нивите, може да се отпочне и со кроењето на виновата лоза, која е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-11 Попова Шапка, -6 Маврово, -5 Крушево, -3 Берово, Дебар, -2 Kрива Паланка, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, -1 Тетово, Виница, 0 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, 4 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
23 Пожаране, Маврово, 20 Крушево, 16 Д.Капија, 13 Струмица, Дебар, 12 Скопје-Петровец, 11 Тетово, Битола, 10 Претор, 9 Ѓуриште, Гевгелија, 8 Штип, Берово, Дојран, 7 Попова Шапка, Куманово, 6 К.Паланка, Охрид, 5 Скопје-З.Рид, 4 Прилеп, 3 Виница.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
52 Маврови Анови, 38 Попова Шапка, 32 Пожаране, 30 Крушево, 21 Ѓуриште, 20 Дебар, 16 Гостивар, 14 Битола, 10 Претор, Берово, 8 Охрид, 7 Крива Паланка, Прилеп, 6 Тетово, 4 Скопје-Петровец, 3 Виница, 2 Штип, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
