Вести Свет

Јоковиќ: ДПС никогаш нема да се врати на власт, а СНП нема да гласа за смена на Абазовиќ

ДПС никогаш нема да се врати на власт. Враќањето на ДПС на голема врата, како што некои велат, мислам дека е пореално враќање на Сојузот на комунистите на власт во Црна Гора, бидејќи направија многу добри работи и не грабаа. Затоа враќањето на ДПС на власт е невозможно, а стравот на граѓаните дека тоа ќе се случи е непотребен“, изјави лидерот на СНП Владимир Јоковиќ за ТВ Адриа.

Тој додаде дека СНП никогаш нема да формира влада со ДПС, наведувајќи дека партијата чиј лидер е тој ќе направи се за доброто на Црна Гора и дека ќе дојде до помирување.

Јоковиќ апелираше за договор во актуелното парламентарно мнозинство плус малцинската партија.

– Многу е важно ДПС целосно да се обезвласти и да започне процесот на помирување во Црна Гора, со цел да стане општество на еднакви можности за сите, рече Јоковиќ.

Лидерот на СНП повтори дека премиерот Здравко Кривокапиќ одамна требало да поднесе оставка.

– Кривокапиќ требаше да поднесе оставка веднаш штом му беше ускратена поддршката од еден конституент на парламентарното мнозинство. Се друго е нерегуларна ситуација и нешто што не е типично за демократските држави, рече Јоковиќ.

Според него, и експертската влада се покажала како неуспешен експеримент.

Јоковиќ рече и дека СНП нема да ја поддржи иницијативата во Парламентот за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ.

– Нема да гласаме за недоверба на Абазовиќ. Прво требаше да се провери довербата на Владата, а потоа се останато, истакна Јоковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе