Временска прогноза

Променливо облачно – Временска прогноза за 29.1.2022

Ноќеска нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса, која на запад носи врнежи претежно од снег. Ќе се задржи и утре претпладне, но во текот на денот со стабилизирање на времето и намалување на облачноста. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец со брзина и над 60 км/час. Температурата преку ден пониска од денешната и ќе се движи во интервал од -2 до 8°C.

Информација од утрово:

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

30 Попова Шапка, Маврови Анови, 11 Пожаране, 9 Крушево, 6 Крива Паланка, 3 Охрид, Гостивар, 2 Тетово, Берово.

Минимална температура (во °C)

-13 Берово, -10 Битола, -9 Скопје-Петровец, -8 Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Струмица, -7 Прилеп, Штип, Дебар, Куманово, -6 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Гевгелија,  -5 Охрид, Виница, Крушево, Попова Шапка, -4 Дојран.

 

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 10.6.2026

Дејан Дејан

Сончево и топло, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2026

Kristina Kuzmanovski

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе