Вести Македонија Најважни

Обвинителството ќе бара максимална казна и притвор за возачот кој усмрти девојка на пешачки премин

Дваесет и две годишниот скопјанец кој вчера ја усмрти дваесет и четиригодишната Викторија Николова од Радовиш, покосувајќи ја на пешачки премин на булеварот Партизански одреди, ќе се гони тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за кој е предвидена минимална затворска казна од четири години, и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, каде казната затвор е една година.

Истрагата на Обвинителите потврдила дека во моментот на незгодата семафорите биле исклучени односно трепкало само жолтото светло.

Иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Осомничениот управувал со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница. Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа, соопшти обвинителството.

Возачот, кој добил возачка дозвола пред една година, вечерва ќе биде спроведен во Кривичниот суд на распит а Обвинителството ќе бара притвор.

Трагичната незгода се случи нешто по 19.30 часот на оваа раскрсница кога дваесет и двегодишниот скопјанец со неговиот автомобил удри во Николова. За брзината со која возел сведочат трагите од ударот на возилото. Николова минувајќи го пешачкиот премин била само два чекори пред нејзиниот пријател и тоа го спасило од сигурна смрт.

МВР има подготвено законски измени кои предвидуваат повисоки казни за овој тип на кривични дела и бара од пратениците да ги изгласаат..

Оваа трагедија е доказ дека сообраќајната култура кај возачите во Скопје, но и во државата, е на многу ниско ниво, сметаат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

МВР има изречено над 240.000 казни минатата година, а повеќе од 100.000 биле за брзо возење во, и вон, урбаните средини. Во 2021 година 111 лица го загубиле животот, повеќето од нив пешаци.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе