Вести Македонија Најважни

(видео) Загина 24-годишна девојка – стоела на пешачки премин, од ударот на возилото летала неколку метри

На пешачки премин кај Сити мол, загина 24 годишна девојка откако била удрена од возило.

-Вечерва во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22), кратко ни одговорија од МВР додека се уште се врши увид на лице место.

Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

-Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место, рекоа од МВР.

Полицијата моментално е на терен и врши увид на местото на несреќата. Околу местото на несреќата сообраќајот е сопрен, а возилата се пренасочуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе