Вести Свет

Јужна Кореја: Северна Кореја лансираше нови ракети

Северна Кореја лансираше две балистички ракети со краток дострел од аеродром во близина на Пјонгјанг во понеделникот, соопшти јужнокорејската војска, што би можело да биде четврти тест на оружје овој месец.

Јапонската влада, исто така, го потврди лансирањето, што секретарот на владата го осуди како закана за регионалниот мир и безбедност. Ова го потврди портпаролот на јапонската крајбрежна стража, но немаше детали за рутата.

Во петокот Северна Кореја истрела два тактички проектили. Таа направи уште два теста на 5 и 11 јануари, објавувајќи ги како хиперсонични ракети.

Како одговор на серијата нови тестови, САД минатата недела објавија нови санкции, кои Пјонгјанг ги опиша како „провокација“, тврдејќи дека Северна Кореја има „легитимно право“ на самоодбрана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе