Утрово 33-годишна битолчанка починала во битолската болница, а била примена синоќа со симптоми на корона, но без правен тест. Телото на починатата е испратено на обдукција за да ги утврди причините за смртта на пациентката.
-Пациентката синоќа се јави на преглед и е задржана на болничко лекување. Имала проблеми со дишење и изразена кашлица. Иако со симптоми на корона, не била тестирана и не се води како позитивен случај. Во текот на ноќта состојбата на пациентката драматично и се влоши, а пациентката утрово почина. Нема коморбидитети освен обезност. Пациентката не е вакцинирана, а побарана е обдукција, изјави директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачовска.
Покрај Скопје, Битола е единствен град кој има над илјада активни случаи на корона вирус. Во моментот таму има 1.456 позитивни пациенти.
