Вести Македонија

Шест години тапка во место изградбата на булеварот Благоја Тоска во Тетово, семејството Рушити не дозволува да им се руши куќата

На трасата на која што треба да продолжи булеварот Благоја Тоска во Тетово, се уште стои куќата на 6-членото семејство Рушити. Поради несогласувањата со Општината рушењето на куќите во овој дел е стопирано. Семејството поседува земјиште со големина од 426 м² од кои 350 м² треба да бидат дел од просецот на екпропријација, но велат дека средствата кои им ги нудат не се доволни, затоа што како што тврдат, на другите жители им било дадено повеќе. Рушити со парите сакаат да изградат нов дом, за што им треба градежна дозвола. Преговорите траат 6 години, за што се води и судски спор.

Градоначалникот Биљал Касами, пак, вели дека лично ќе се сретне со семејството за решавање на спорот.

Булеварот „Благоја Тоска“ ќе се продолжи кај Клиничка Болница преку мост на реката Пена во правец кон станбениот Блок 70. Асфалтиран е само еден дел кој возачите го користат за паркирање. Со реализација на овој проект би се растоварил сообраќајот во градот, со оглед на тоа дека сега сите возила поминуваат преку Индустрискиот булевар, каде се создаваат големи гужви.

За продолжување на булеварот Тетово доби пари од Владата, односно од ТАВ програмата.

Данијела Билбилоска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе