Во тек е собраниска седница за избор на новата Влада. Мандатарот Ковачевски во своето експозе пред пратенците во фокусот ја стави економијата и справување со актуелните предизвици.
Испорача ветувања за раст на минимална плата и дополнително зголемување на пензиите.
Ковачевски посочи дека предвремени парлементарни избори нема да има, иако опозицијата го повтори барањето со став дека оваа влада нема легитимитет.
Во Собрание е новинарката Јулијана Пешевска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
